Новинарот Драган Павловиќ Латас, кој синоќа доцна вечерта гостуваше на Алфа телевизија кај Богдан Илиевски, рече дека органите на прогонот немаат ниту еден доказ дека во случајот со киднапирањето на малата Вања е замешан таткото на девојчето Александар Ѓорчевски.
„Тие муабети ги пуштаат намерно од Полицијата, со цел да ја дефокусираат јавноста од нивните пропусти. Инаку, нема ниту еден доказ дека е замешан таткото. Тоа се шпекулации за да се плетат разговори во сметководство и пред кооперација, да има јавноста со што да се занимава“, рече Латас, според неговите информации.
Тој имал информации и за обвининеието, кое рече дека ако се прочита, ќе се види дека таму не се споменуваат пари, иако претходно како главен мотив беше оквалификувано користољубие.
Латас прв објави дека главен осомничен е еден бизнисмен кој учествувал во политиката, по што се обзнани името на Љупчо Палевски Палчо.