Телото на Драган Лазиќ, брат на познатиот српски пејач Дарко Лазиќ, е донесено во неговото родно место Брестач, каде што семејството и најблиските се подготвуваат за последното збогување.

Пред семејната куќа владее длабока тага. Роднини, пријатели и соседи постојано пристигнуваат за да изразат сочувство на семејството Лазиќ по трагедијата што ги потресе.

Мајката на починатиот, Бранка Лазиќ, неутешно плаче и постојано се држи за главата од болка по загубата на својот син, додека членовите на семејството и блиските се обидуваат да ја утешат.

Драган Лазиќ загина во тешка сообраќајна несреќа, а според информациите на српските медиуми, полицијата веќе го привела возачот на автомобилот кој ја предизвикал несреќата.

Погребот ќе се одржи во Брестач, каде што семејството, пријателите и бројни познати личности од естрадата ќе се простат од него.