Лидл им се извини на граѓаните за техничката грешка во која наместо млеко, во некои пакувања купувачите најдоа вода.
Лидл објави дека лабораториската анализа на производителот на 42 примероци производи со ист ЛОТ број, потврдила дека не се забележани отстапувања во квалитетот на производот, но дека има техничка грешка при пакувањето и дека станува збор за вода.
– Производот е безбеден и не доведува до ризици по здравјето во случај на потрошувачка, а сите преостанати количини на тој производ се повлечени од продажба – наведува Лидл.
Тие забележуваат дека компанијата, во својот асортиман, има под својот бренд само производи од добавувачи кои се сертифицирани според највисоките меѓународни стандарди за квалитет и безбедност.
– Жал ни е што предизвикавме непријатности и ги покануваме сите потрошувачи кои го купиле овој производ или забележале недостаток да контактираат со нашата служба за клиенти или директно до продавницата, за да можеме да го замениме производот или да ги вратиме парите. Ние продолжуваме да креираме врска на доверба, рекоа од Лидл.