Тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на крстосницата меѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ однесе два млади животи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, животите ги загубиле 47-годишниот С.И. и неговата сопатничка, 32-годишната А.Н., и двајцата од Скопје.
Како што соопштија од МВР, мотоциклот со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И., излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Несреќата се случила во попладневните часови, а според првичните сознанија, лицата кои биле колеги на работа, биле на пат кон роденденска прослава.
– Од здобиените повреди, возачот и сопатничката починале на самото место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, информираат од МВР.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител. По наредба на обвинителството, телата на загинатите се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина.