Авто-клубот „Спид Велика Кладуша“ од БиХ емотивно се прости од својот член Сенад Мујкиќ од Кудиќ, кој вчера беше убиен со пиштол од девојката со која беше во врска.
– Убиен е нашиот пријател, другар и брат Сенад Мујкиќ од Кудиќ. Сенад беше љубител на мотоспортот и тјунингот, многумина ќе го паметат Сенад како возеше Honda CRX и беше учесник на многу тјунинг рели. Тимот изразува искрено сочувство и жалење за смртта, изјавија од овој автомобилски клуб.
Љубовна драма му претходела на убиството
Како што претходно објави порталот „Аваз“, на ова убиство му претходела љубовна драма. Се започнало кога дознал дека неговата девојка се допишува со друг маж.
Порталот повикувајќи се на полициски извори, објави дека на ова убиство му претходела љубовна драма. Девојката (родена 1998 г.) била во врска со убиен. Исто така, тие биле поврзани и на друг начин, односно Сенад бил нејзин нероден чичко.
Драмата започнала кога дознал дека неговата девојка се допишува со друг маж.
Тој и се јавил и и’ се заканил дека ќе и ги скрши рацете и нозете или ќе ја претепа. По голема расправија дошол во нејзината куќа и продолжил да ја напаѓа – пцуејќи, заканувајќи се и ја малтретирал.
Искрварил на лице место
Таа потоа го зела пиштолот и пукала во негов правец. Таа со пиштолот на тетка и’ го застрелала во двете нозе. Мажот искрварил до смрт на лице место, а лекарите можеле само да констатираат смрт.
– Го погодила во артеријата – вели изворот на порталот „Аваз“ од полицијата. Девојката денеска е предадена на Обвинителството за понатамошна постапка.