Познатиот босански фудбалер Огњен Врањеш повторно се најде во центарот на скандал, а овој пат бил претепан во кафуле во центарот на Бања Лука, дознава Српскаинфо.

Според информациите што ги добиле, девојка му се пожалила на момчето за познатиот фудбалер, по што тој дошол во локалот и се пресметал со Врањеш.

Овој случај фудбалерот не го пријавил во полиција, но според нивните информации, инспекторите знаат се за овој конфликт.

Извор од Српскаинфо истакнува дека конфликтот е поврзан и со нападот на фудбалерот Саша Кајкут кој во саботата доби шлаканица во кафуле во центарот на Бања Лука.

Набргу по објавувањето на оваа информација, Врањеш контактирал со пријател од Сараево и изјавил дека е во Сплит со долгогодишен пријател.

Сега Врањеш се огласи и на Инстаграм.

– Напишете нешто поинтересно, досадни сте веќе со будалаштини – напиша Врањеш.