Џејсон Александар, првиот сопруг на Бритни Спирс, е уапсен во нејзината куќа во Лос Анџелес додека таа се подготвувала за венчавката со Сем Асгари, пренесоа американските медиуми.

Полицијата од областа Вентура реагирала на дојавата за упад во куќата на пејачката и го уапсила 40-годишниот Александар. Портпаролот на полицијата потврди дека тој е уапсен поради постоечка потерница по него, а дека по инцидентот во домот на Спирс бил приведен во полициска станица.

Непосредно пред инцидентот, поранешниот сопруг на Бритни се вклучил во живо на Инстаграм од близина на имотот на пејачката и кажал дека е таму за да упадне на свадбата. Тој прво се расправал со обезбедувањето на влезот и тврдел дека Бритни го поканила на свадбата, а потоа уште еднаш се вклучил во живо од пред влезот на куќата, но тогаш обезбедувањето го задржало и повикале полиција, која го привела.

Бритни Спирс и Сем Асгари се венчаа синоќа на интимна церемонија со стотина гости. Тие се свршија лани во септември, а неодамна открија и дека Бритни е бремена. Еден месец подоцна, пејачката кажа дека го загубила бебето.

Ова е трет брак на Бритни, која прво се омажи со Џејсон Александар, а откако бракот беше поништен, се омажи за танчерот Кевин Федерлајн со кого има два сина, Шон и Џејден.

📸