– Станав татко, ни се роди син! Рано утринава, на 17.04.2023 мојата сопруга Dushica Zlateva на свет донесе машко дете. Огромна благодарност до дежурната екипа во Гинеколошко Акушерската Клиника во Скопје, напиша на својот ФБ профил утрово новинарот Љупчо Златев.

– Денешниот датум има уште една симболика, затоа што на денешен ден за прв пат се сретнавме со мојата сопруга пред две години! Од сега па натаму главна преокупација во семејството ќе ни биде да го израснеме во среќно детство и да му дадеме просперитетна иднина. Му посакуваме добредојде на овој свет на Симон Златев, да биде здрав, мудар, храбар, чесен, среќен и успешен!, напиша тој.