Две лица загинаа во тешка, страшна несреќа што се случи вечерва во населбата Сандиќи кај Брчко во БиХ, јавуваат регионалните медиуми доцна вечерва.

Како што изјави за Н1 портпаролката на окружната полиција Брчко, Џевида Хукичевиќ, несреќата била пријавена во полиција во 19 часот и 25 минути, по што припадници на полицијата излегле на местото на несреќата.

– Утврдиле дека се работи за автомобил „Ауди“ кој удрил во бетонски столб и дека загинале две лица на возраст од 48 години и 16 години, изјавила таа.

Под надзор на дежурниот обвинител на Окружното обвинителство Брчко, кој излезе на местото на настанот, се преземаат активности за утврдување на сите околности под кои се случила сообраќајната незгода.

Повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата на телото. Некои локални медими објавија дека се работи за татко и син, но полицијата официјално не може да го потврди тоа.

📸

📸