На пејачот Јасмин Хасиќ му бил дијагностициран тумор на бубрезите, тој пред 15 дена имал операција во Турција, но ненадејно му се слошило.
Оваа вест ја потресе естрадата, па по тој повод била организирана крводарителска акција за Јасмин. Први се вклучија неговите колеги од Босна, а набргу Милан Динчиќ Динча ги замоли своите пријатели и обожаватели од Сребреник да отидат во болницата и да даруваат крв.
Неговата сопруга Јасмина се огласи на социјалните мрежи и истакна дека благодарение на брзата реакција на лекарите и луѓето кои дале крв, пејачот засега е во стабилна состојба, пишува Гранд онлајн.
Покрај тоа што јавно им се заблагодари за поддршката, таа апелираше луѓето да не наседнуваат на хуманитарната акција за собирање пари во име на пејачот која била покрената истата вечер и дека навистина жали што поединци се занимаваат со измами користејќи ја туѓата несреќа.