Капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, се повреди на натпреварот против Португалија во второто коло од групната фаза на Европското првенство во Рига, а сега за тоа се огласи и КСС.

Краткото соопштение на Кошаркарскиот сојуз на Србија го пренесуваме во целост.

– По повредата на натпреварот против Португалија, денес беше направена магнетна резонанца, која покажа повреда на задниот бутен мускул. Потребно е да се направат дополнителни тестови што ќе бидат направени за да се постави конечна дијагноза и прогноза. Богдан Богдановиќ нема да игра на натпреварот против Латвија во сабота, објавија од КСС.