ПОЧИНА СУДИЈАТА ШТО ГИ СУДЕШЕ ДВЕТЕ ФИНАЛИЊА НА ВАРДАР ВО ЛШ.
Маркус Хелбиг, еден од најпознатите ракометни арбитри и човекот кој ја делеше правдата на двете историски финалиња на Вардар во Лигата на шампионите, почина на само 53-годишна возраст по тешка и долга битка со најподмолната болест.
Хелбиг судеше во парнтерство со Ларс Геипел, а нивната судиска кариера траеше од 1993 до 2021 година.
Нека почива во мир!

