Повеќе од два часа, 6-годишно дете од атинското предграие Аспропиргос било заклучено во училишен автобус бидејќи возачот и неговата придружничка го заборавиле во возилото.
Инцидентот се случил вчера попладне, во основно училиште во околината. Според информациите, возачот и придружничката откако ги симнале останатите ученици, излегле од автобусот без да сфатат дека 6-годишното дете е внатре бидејќи детето заспало на неговото место.
Неговата мајка го барала детето и по два часа го нашле ученикот како спие заклучено во училишниот автобус.
За инцидентот уапсени се возачот на автобусот и придружничката и се очекува да бидат изведени пред Обвинител.