Новак Ѓоковиќ денеска испиша историја победувајќи во финалето на Ролан Гарос, додека сопругата, родителите и децата го бодреа од трибините. Ѓоковиќ никогаш не криел колку му значи верата и колку Бог му помага да го достигне врвот и да освои се.

Затоа сите се прашуваат како неговите деца Стефан и Тара уште не се крстени? Мистеријата околу оваа ситуација ја разреши неговата мајка Дијана Ѓоковиќ, која за тоа проговори во емисијата „Додека ангелите спијат“.

Според неа, нејзиниот син и снаа сакаат децата уште малку да пораснат и да разберат што всушност значи овој чин. Дијана вели дека е многу горда на Новак.

„Секој би го ставил успехот над духовниот мир. Кај Новак е многу силна големата благодарност што ја има. Тој е благодарен за се што постигнал. Тој се држи до своите принципи и верувања, тоа го прави човек, тоа го прави него“ изјави Дијана. Таа нагласи дека Новак го носи осветениот крст што го добил на Хиландар, што му дава сила. Тој помина три дена на Света Гора и тоа е многу важно искуство за него.

„Тој е навистина духовно суштество, се крстеше уште кога имаше пет години и сериозно го сфати тој чин“, вели мајката на српскиот тенисер. „Има нешто во себе. Постојано го прашувам кога ќе ги крсти своите деца, а тој ми вели „кога ќе можат да го разберат чинот на крштевањето“.