Хрватската пејачка Маја Шупут последните недели беше во улога на водителка во шоу програмата „Танц со ѕвездите“, а нејзиниот физички изглед не престанува да се коментира на социјалните мрежи.
Таа често беше критикувана за бројните пластични операции на кои се подложи, а во последната епизода имаше дискусија за нејзиното лице, бидејќи изгледаше позатегнато од било кога, до тој степен што еден од нејзините следбеници прашал: „Мајо, дали те избодеа пчели?“.
Хирурзите велат дека Маја, која ја нарекуваат „хрватска барбика“ со години одела по хијалуронски филери и ботокс, но и дека претерала.
“Дефинитивно претерала со се. И ботокс и филери. Од премногу ботокс во челото ѝ паднале очните капаци и веѓите. Исто така ставила премногу хијалуронски филери во образите. Изгледа неприродно, уште малку па ќе изгледа како жена-мачка, рече естетскиот хирург.
Пред три години, по враќањето од меден месец на Малдиви, Маја ги шокираше фановите кога на фотографиите и фалеше парче од носот.
„Не можам да одлучам дали ова е лош фотошоп на фотографиите или релативно свежо опериран нос“, рекол тогаш хирургот, објаснувајќи дека е сигурен дека ги наполнила јаболкниците и усните и ги испеглала брчките околу очите со Ботокс.
„Проблем се образите. Премногу филер создаде „колбасива“ на нејзиното лице.
Маја Шупут пред 13 години вгради силикони во градите, бидејќи била незадоволна од нивната големина, за која и самата отворено зборувала.
“Бев рамна како даска, како момче. Сега имам „одлична двојка“. Сакав да можам да го облечам фустанот на “нешто”, горниот дел од костимот за капење… Носев два градници”, признала таа на времето.
Пејачката се породи пред една година, на 42-годишна возраст, кога со сопругот Ненад Татаринов добија син кого го крстија Блум. И поради тоа таа беше мета на провокации на социјалните мрежи.