Александар Волкановски испиша историја во УФЦ со успешната одбрана на титулата во перолесна категорија, совладувајќи го со ТКО во четвртата рунда Кореецот Чан Сунг Јунг.
Ова е трета одбрана на титулата на Волкановски откако тоа го направи против Макс Холовеј во реванш-мечот и над Брајан Ортега.
Александар Волкановски (23-1-0, 10-0 УФЦ) – 11 КО, 3 ЗАВ, 9 ДЕЦ. Единствениот пораз во 4. профи меч, со нокаут. Два пати го бранеше појасот, го држи од крајот на 2019 година. Австралиец со македонско потекло. 33 години. Наречен „Велики“. На П4П е на третото место.
Чан Сунг Јунг (17-6-0, 7-3 УФЦ) – 6 КО, 8 ЗАВ, 3 ДЕЦ. Никогаш не изгубил со завршница. Три пати со нокаут, три пати со одлука. Го доби Дана Иге кон средината на минатата година, пред тој пораз од Ортега. Четврторангиран во перо категорија, тој скокна наместо Холовеј. 35 години, со прекар „Корејски зомби“. Тој го имаше своето деби во УФЦ во 2011 година, се бореше за појасот во 2013 година, загуби од Алдо со ТКО во четвртата рунда. Деветти главен настан по ред. Тој сака да биде вториот шампион од Азија, по Вејли Жанг.
Неверојатно добар настап пружи Александар Волкановски во главната борба на вечерта на настанот УФЦ 273. 33-годишниот Австралиец со македонски корени го победи Чан Сунг Јунг со технички нокаут во четвртата рунда. Волкановски на тој начин влезе во својата трета последователна одбрана на појасот на УФЦ во лесна категорија. Австралиецот ја држи титулата од крајот на 2019 година, а под покровителство на УФЦ има 11 победи во исто толку настапи.
„Корејското зомби“ ја претстави својата добро позната сила, но едноставно не можеше да им парира на вештините на шампионот. Јунг се надеваше дека ќе го освои појасот во вториот обид, откако загуби од Хозе Алдо во 2013 година. За жал на Кореецот, факт е дека борците од самиот врв се уште се подобри од него и уште нешто му недостига за да се искачи на самиот трон од оваа категорија. Волкановски доминираше од самиот почеток, а како помина натпреварот дознајте во продолжение во овој текст.
„Зомби“ влезе во отворена размена по една минута борба, но Волкановски многу подобро се снајде со одличен удар со лево кроше. Сепак, Јунг не беше потресен посериозно и борците продолжија да ги тестираат своите сили. Шампионот добро работеше со предниот директен и делуваше многу смирено и присебно. Волкановски беше многу подобар кога се во прашање боксерските комбинации, а „Зомби“ покажа многу малку во текот на првата рунда. Шампионот дури успеа да го сруши „Зомбито“ во втората половина од рундата, но Кореецот брзо стана на нозе. Го контролираше Волк предизвикувачот со притискање на оградата од кафезот, а на 15 секунди пред крајот го испрати Јунг на подот со одлична боксерска комбинација. Тоа е вистинска ММА школа во режија на Волкановски, по првите пет минути.
Сосема е неверојатно колку Волкановски е комплетен ММА борец, почнувајќи од одличните комбинации во стој па се до дефанзивните детали, како што е блокирањето на противничките удари во тело. Австралиецот делуваше забележително подобро од предизвикувачот кој делуваше без идеја. Во средината на рундата Волкановски лошо го стресе „Зомбито“ и се чинеше дека тоа може да биде крајот, но Кореецот е познат како исклучително силен борец и набрзо дури возврати со контра. Волкановски увиде дека не е паметно да се брза и го однесе мечот во партер. Шампионот го обезбеди едно од најдобрите изданија во кариерата во првите 10 минути. Чан Сунг Јунг постојано беше чекор-два зад Волкановски кој лесно ги неутрализираше сите негови обиди.
„Зомбито“ поагресивно влезе во третата рунда и бараше отворени размени. Кореецот имаше одреден успех во вакви ситуации, но Волкановски, сепак, држеше се под контрола. Предниот директ на Волкановски е фасцинантен, особено ако се земе предвид дека тој е значително понизок борец со пократок „досег“ од противникот. Лицето на „Зомбито“ изгледаше се полошо и полошо, а Волкановски немилосрдно чекореше кон победата. Во финишот на рундата, Волкановски го врати предизвикувачот во игра со одлични удари, но ѕвоното го спречи во намерата да го сопре противникот. Пол Фелдер и Џо Роган не беа сигурни дали Зомбите воопшто треба да ја продолжат борбата. Волкановски го демолираше од првата секунда, а Јунг беше видно потресен на крајот од третиот период. Предавањето во тој момент не беше опција за Кореецот, а мечот влезе во четвртата рунда.
Шампионот намириса крв на почетокот на четвртата рунда и продолжи токму онаму каде што застана во последната рунда. Боксерските комбинации беа чисти во главата на „Зомбито“ и Херб Дин набрзо одлучи дека оваа борба повеќе нема смисла и го поштеди Кореецот од непотребна штета. Ова беше вистинска школа за ММА во режија на Александар Волкановски и „Зомби“ се покажа како тотално незрел противник, иако е најдобриот борец во оваа категорија.
„Ви кажав пред борбата дека во моментов сум на врвно ниво и никој не може да ме запре“, кажа Волкановски.
33-годишниот Волкановски моментално е третопласиран борец на ранг-листата „П4П“ на УФЦ, но никој не можеше да приговара ако Волкановски го заземе првото место на тоа рангирање. Австралиецот со македонско потекло денеска ја забележа 24-та победа во 25-от професионален настап, имаше импресивен настап, буквално без грешка и не е погрешно да се смета за најдобар борец на целиот УФЦ ростер.