Полициски службеник се повредил во ногата, враќајќи го пиштолот во футролата, а откако првин пукал предупредувачки куршуми во воздух, додека се обидувал да запре криумчари на жив добиток.

За настанот извести Министерството за внатрешни работи.

-На 10.10.2025 околу 22:00 часот во с.Спас, дебарско, во близина на гранична линија со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Блато забележале неколку лица кои се обиделе да криумчарат жив добиток.

При обид да ги спречат во намерата, полициски службеник во воздух испукал неколку предупредувачки куршуми, но лицата се дале во бегство и го оставиле добитокот, а полицискиот службеник кога го враќал пиштолот во футрола се повредил во ногата, соопштија од полицијата.

Додаваат дека е извршен увид и се работи на расчистување на случајот.