Русинката Јана Балобанова (24) е исчезната од 2-ри јули, откако бесно ја напуштила венчавката на своите пријатели во регионот Свердловск во Русија. Русинката, за која се вели дека ја напуштила венчавката каде била гостинка и каде се расправала со некого, исчезната е веќе месец и половина, а постои сомневање дека е нападната од мечка.
Се претпоставува дека причината за нејзиното ненадејно заминување во шумата била расправија со еден од гостите на венчавката. Јана набрзо се изгубила во шумата и се јавила во итните служби ноќта и утредента наутро, но спасувачите не можеле да ја најдат.
– Тие се обиделе да ја најдат со кучињата трагачи, но кучињата се исплашиле кога нејзиниот мирис се помешал со оној на мечката, објавија локалните медиуми. Тоа, како и фактот дека наишле на траги од мечки, доведе до шпекулации дека можеби настрадала од огромното животно.
Истражувачот Андреј Сакулин рече дека се пронајдени траги од шепите на мечка и нејзини младенчиња, а средбата со нив може да биде кобна за човечко суштество.
– Има мала надеж дека ќе ја најдеме девојката жива. Ако некој случајно се најде помеѓу мечка и нејзини младенчиња, веднаш и без предупредување ќе биде нападнат, вели тој.
Сакулин додаде дека мечките напаѓаат со голема брзина, така што бегството е речиси невозможно. Руските медиуми се полни со теории за тоа што се случило со Јана, која наводно имала проблем со ал ко холот.
Нејзиниот татко Јаков рекол дека Јана била си лув ана пред околу година ипол, а Ирина, жената која се омажила на венчавката од која исчезнала Јана, го снимила нападот. Локалните медиуми пишуваат дека и Ирина е осудена како соучесник во тој напад.
Таткото на Јана рече дека е можно мечка да ја нападнала, но и дека се сомнева дека можеби има нешто друго. Во меѓувреме, Ирина и нејзиниот нов сопруг тврдат дека Јана воопшто и не била на нивната венчавка.
📷
📷
📷
📷