На 21.05.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка добивала закани од малолетник, со кој била во љубовна врска.
Според пријавата, откако му кажала дека таа ѝ забранила да се гледа со него, на социјални мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.