Поранешниот најдобар стрелец во Првата македонска лига, Мартин Мирчевски, кој сега е член на српскиот хит клуб ТСЦ од Бачка Топола, со кого е втор на табелата во српската Суперлига, беше еден од петтемина херои кои на магистралниот пат Суботица – Бачка Топола во северниот дел на Србија спречија поголема трагедија и можни жртви.
Фудбалерите на ТСЦ налетаа на верижен судир дури од 14 возила на место каде што видливоста беше слаба поради песочна бура. Мирчевски и колегите излегоа од кола и им сигнализираа да запрат на останатите кои доаѓаа, па така ланецот се прекина на 14 автомобили и спречија потенцијална трагедија.
Потоа фудбалерите им помагале на повредените (има 11 повредени, за среќа нема загинати), па беа прогласени за херои.
Da se pronadju ovi momci i nagrade!!! Svojom reakcijom su spasili život danas nekom!!!
💪💪💪👏👏👏❤️❤️❤️👍👍👍 pic.twitter.com/sk5p0DoKdO— Frojd od Šumadije (@DrDevla) March 28, 2023