Во силна експлозија во џамија загинаа повеќе од 50 верници по петочната молитва во Кабул.
Ова е последен во серијата напади врз цивили во Авганистан за време на светиот муслимански месец Рамазан.
Експлозијата се случи во џамијата Калифа сахиб во западниот дел на градот во раните попладневни часови.
Нападот се случи кога по молитвата во џамија, следбениците на сунитскиот ислам се собрале на верскиот чин наречен Зикр, кој некои муслимани го практикуваат, но некои радикални сунитски групи го сметаат за ерес.
Aftermath of #KabulBlast that targeted a packed mosque in PD7 of #Kabul. pic.twitter.com/1cyoSKFn06
— Zakarya Hassani (@ZHassani7) April 29, 2022
Саџед Фазил Ага, поглаварот на џамијата, рече дека бомбашот самоубиец очигледно активирал експлозив за време на церемонијата.
Во последниве недели, десетици авганистански цивили загинаа во експлозии, а одговорноста за некои од нив ја презеде таканаречената џихадистичка група Исламска држава.
Талибанците, кои се вратија на власт во август по две децении, велат дека во голема мера ја елиминирале Исламската држава, но меѓународните аналитичари велат дека постои голема закана од обновување на немирите.
Многу напади во последните недели биле насочени против шиитското малцинство, но денешната цел беше џамија на сунитскиот ислам.
Бомби вчера експлодирале во две комбиња со шиити во северниот град Мазар-е-Шариф, при што загинаа најмалку девет лица.
Минатиот петок експлозија потресе сунитска џамија за време на молитвата во градот Кундуз , каде загинаа 33 лица.