Нов земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина. Земјотресот е регистриран во 06 часот и 27 минути рано утрово.
Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) првично извести дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на 14 километри од Столац и 41 од Мостар.
Сега, по попрецизни информации, ЕМСЦ објави нови податоци. Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 13 километри од Столац и 40 километри од Мостар на длабочина од осум километри.
Цел хотел се тресеше, ме фрлаше на кревет, беше ужасно
Како што јави репортерот на „24 часа“ од Мостар, целиот хотел се тресел и таквото тресење траело цели 15 секунди.
– Ме фрлаше по креветот, не можев да станам. Беше страшно – изјави репортерот 24 часа.