Манекенката Емили Ратајковски неодамна проговори за нападот што го доживеала пејачот Робин Тик. Тие снимија видео во 2013 година, а Емили во тоа време штотуку ја започнуваше својата кариера.
Ратајковски за „Пипл“ изјави дека претходно не зборувала за тоа, бидејќи се плашела дека тоа ќе влијае на нејзината кариера.
– Бев непозната манекенка и да кажев нешто или да се жалев, немаше да бидам онаму каде што сум денес. Не би била славна, објасни Емили.
– Одеднаш, од никаде, почувствував студенило од непознати раце како ги фаќаат моите голи гради одзади. Инстинктивно се повлеков, гледајќи во Робин Тик. Диво се смееше и се влечкаше назад, со поглед скриен зад очилата за сонце. Ја свртев главата кон темниот сет. Режисерката Дијана Мартел ме праша „Дали си добро?“. Ја поместив брадата напред и ги кренав рамениците, избегнувајќи контакт со очите, чувствувајќи како топлината на понижување пумпа низ моето тело. Не реагирав како што треба, рече Емили.
Режисерката потврди дека видела што се случило:
– Се сеќавам на моментот кога ја фати за градите. По една во секоја рака. Стоеше зад неа, бидејќи и двајцата беа така наместени. Врескав со мојот мошне агресивен глас од Бруклин: “Што, по ѓаволите, правиш? Тоа е тоа, снимката е завршена”, рекла Дијана, додавајќи дека сепак смета дека Робин не би го направил тоа доколку бил трезен.
Емили неодамна објави книга наречена „Моето тело“, во која, како што истакна, покажа како созрева и ја промени својата перспектива.