Познатиот македонски режисер, Владимир Милчин, се прости од својот студент, актерот Славиша Кајевски кој почина денеска на 39-годишна возраст.

Кајевски дипломираше на Факултетот за драмски уметности во класата на професор Милчин.

-ЗАМИНА СЛАВИША. ГО НАПУШТИ СВЕТОТ НА НЕПРАВДИТЕ. БРЕМЕТО СТАНА ПРЕТЕШКО. МУ НАТЕЖНА БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА НА ОКОЛИНАТА. ГО ДОТОЛЧИ МОЛЧЕЊЕТО.
ВЕЧНА НЕКА МУ Е СЛАВАТА!