Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски (36) веќе не е ерген. Тој вчера вечерта ја побара раката на девојка му Маринела Серафимова (24), која пред два месеци дипломирала медицина, а со која е околу една година во врска, објави порталот ММС.
И министерот и Маринела се од Штип, каде и се родила нивната љубов. А за да ги дознаеме деталите за овој убав момент, секако и за да дознаеме дали потрошил цела министерска плата за прстен го контактиравме министерот, кој за ММС ја потврди информацијата и ја раскажа нивната љубовна приказна.
-Да, се случи вчера вечерта. Со Маринела сме заедно околу една година и требаше ова да се случи. Нема посебен датум за да го направам ова, така одлучив. Претходно бевме на вечера во ресторан и малку разговаравме на оваа тема, но не открив пред неа детали што ќе се случува подоцна. Раката и ја побарав потоа, кога се вративме дома. Немаше посебни романтики, не клекнав кога ја запросив, едноставно додека разговаравме се случи моментот, го покажав прстенот. Не сметавме дека треба да има апарати и камери, туку само ние двајца да си дадеме збор, затоа и немаме слики од вчера, вели Бочварски.
Тој додава дека тоа бил навистина убав момент и чекор и за двајцата.
-Бевме заедно на одмор, но, сепак, се одлучив да ја запросам тука дома. Искрено јас и Маринела извесно време правиме муабет за нашата иднина. Затоа и таа очекуваше дека ова ќе се случи, но не знаеше кога и затоа беше изненадена. Односно, како што ми рече, очекувала на есен или понатаму, но ете се случи вчера, рече тој за ММС.
Бочварски вели дека со Маринела доволно се заедно и се познаваат за да се одлучат за ваков чекор.
Бочварски од Маринела е постар 12 години, но како што секогаш бива, кога љубовта е во прашање годините воопшто не се важни. А тоа што со Маринела се слични карактери е нешто што најмногу го освоило.
-Со Маринела имаме слични карактери, слично размислуваме и функционираме. Од ова време колку што сме заедно забележав дека и двајцата не привлекуваат истите работи. Едноставно има некоја поврзаност, некоја хемија, има љубов меѓу нас. Можеби една година е релативно кратко време, но доволно добро се запознавме, како да сме многу време заедно. И двајцата сме штипјани, се знаеме подолго време од град, но официјално почнавме да комуницираме пред околу една година, потоа се почесто и со тек на време се поврзаа сите работи. Никаде не брзавме, ниту сега брзаме ама сметавме дека е моментот сега да превземеме некој нареден чекор, вели тој.
📷
Целиот текст можете да го прочитате на ММС.мк