Министерството за одбрана на Република Хрватска извести дека загинал припадник на Хрватската воена академија „Др. Фрањо Туѓман’. Станува збор за возач на мотор кој на патот Д8 се судрил со патнички автомобил.

По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во сплитската болница за укажување лекарска помош, но починал во текот на ноќта.

Министерството за одбрана, вооружените сили на Република Хрватска и Хрватската воена академија упатија длабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на починатиот војник.

Трагично загинатиот кадет бил четврта година на Военото поморство и бил на летен одмор.