Шефицата на општина Вела Лука, Катарина Гугиќ (34) утрово останала шокирана кога го видела својот автомобил Сузуки Свифт чиешто ветробранско стакло било уништено со фрлање предмет, најверојатно камен.

„Извршувањето на должноста градоначалник на општина Вела Лука значи носење одлуки во корист на јавното добро, но тоа не е секогаш по волја на сите. Можам само да се надевам дека тоа не е причината поради која некој би го оштетил мојот автомобил.

Ова не беше единствената „порака“ досега, но е најотворена досега. За жал, ова не е првпат мојот имот да биде оштетен на ваков начин. Она што особено сакам да го нагласам е дека доколку сакаат на ваков начин да ми испратат порака, со оглед на начинот на кој ја извршувам мојата должност, дека сторителот потфрлил во намерата.

Го повикувам сторителот, кој и да е, да не се крие и да не се заканува од сенка. Ваквите обиди за заплашување не можат да ме поколебаат во наредниот период да продолжам да работам и да дејствувам во корист на нашата општина со целосен ангажман и мотивација, како што беше досега, и нема да ме спречат во намерата одговорно и искрено да ја извршувам мојата должност, напиша таа на Фејсбук.