Јован И.(30), син на српската политичарка Санда Рашковиќ Ивиќ, бил пронајден мртов на тротоар во центарот на Белград каде што живеел, а според неофицијални информации скокнал од петти кат, јавува агенцијата Танјуг, пренесуваат утрово речиси сите српски медиуми.
Сосетка од зградата вели дека младиот човек го познавала само од видување.
– Секогаш убаво одговараше. Не знам што можеше да го предизвика ова. Знам дека тоа е синот на Санда. Никогаш не сме слушнале за некакви проблеми – рече таа.
Сосед од соседната зграда вели дека не го познавал Јован.
– Многу ми е жал. Ова не е прв пат да се случи вакво нешто. Лани помлада девојка скокна од 20 кат, но од друга зграда – вели тој за српски Курир.
Инаку, Вишото јавно обвинителство во Белград, заедно со припадници на МВР, поведе постапка во врска со смртта на Јован И., кој утрово беше пронајден мртов во Улица 27. март пред зградата каде што живеел.
– Според првите информации се работи за самоубиство – вели вишиот јавен обвинител Ненад Стефановиќ, пренесува Блиц Танјуг.
Тој објаснува дека полицијата извршила увид на лице место, а во станот во кој престојувал починатиот млад човек не биле забележани траги на насилство. Вишото јавно обвинителство во Белград нареди обдукција и токсиколошки анализи.
Стефановиќ посочува дека МВР и ВЈТ ќе преземат и други дејствија за расветлување на сите факти и околности поврзани со предметниот настан, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
Како што дознава Објектив.рс, Ивиќ на 6 октомври минатата година се заканувал дека ќе се самоубие на ист начин, скокајќи од зградата, но полицијата го спречила во тоа.