Трикратниот убиец од Градачец, Нермин Сулејмановиќ нема да биде погребан според исламските обичаи, бидејќи религијата не налага такво нешто за некој кој извршил такво злосторство, а потоа се самоубил.

Пријателка на убиената Низама Хеќимовиќ, денеска по нејзиниот погреб рече дека луѓето не веруваат дека масовниот убиец Сулејмановиќ е мртов, бидејќи како што нагласуваа таа, не виделе слика од него.

– Инаку, овде луѓето многу се плашат од него и денеска… Многумина не ни веруваат дека е мртов бидејќи никаде не виделе слика – рекла пријателката на Низама.

Како што додаде таа, ако Нермин е мртов, неговиот погреб ќе се разликува од погребот на Низама, на кој попладнево присуствуваа повеќе од илјада луѓе.

– Обичаите налагаат да не биде погребан според исламските обичаи некој што извршил такво злосторство, а потоа се самоубил – рекла пријателка на убиената. Таа наведува дека Низама живеела во страв од невенчаниот сопруг Сулејмановиќ.

Рече дека не се точни приказните на некои локални жители дека Нермин, кој претходно правел проблеми, бил мирен во последните години. Додала дека Низама се плашела од него, поради што неодамна ѝ кажала на својата сестра нешто што ги загрижило сите.

Една од пријателките рече дека Низама ѝ рекла на сестра ѝ да ја земе ќерката Лена кога ќе дојде време.

– Таа ѝ рекла на сестра си: „Ќе ме убие! Го знам тоа“ – тврди пријателка на убиената.