„На 17.06.2021 во 3:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Беласица“ во Скопје Б.М. (24) од Скопје управувајќи мотоцикл „пиаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.