Вчера околу 15:30 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во водите на реката Вардар, под мостот на општински пат село Корешница-Демир Капија бил пронајден човечки леш во фаза на распаѓање, кој бил изваден од екипа на Територијална противпожарна единица Неготино, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино и по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

