Морничава вест која доаѓа од Австрија се прошири денеска, нешто по пладне. Како што објавија австриската телевизија ОРФ и другите медиуми на своите портали, во Абсдорф кај Тулн во провинцијата Долна Австрија, 36-годишна мајка убила две свои деца: 7-месечна и 7-годишна ќерка, пишува Феникс магазин.
После тоа влегла во автомобил и се обидела да се самоубие удирјќи во дрво на патот. Во несреќата таа е повредена и пренесена во блиската болница, но според портпаролот на долноавстриската полиција, нејзиниот живот не е во животна опасност.
Овој хорор, како што пренесуваат медиумите, почнал утрово во 9 часот и 30 минути кога таткото на двете деца се јавил во полиција и рекол „дека му се јавила сопругата и рекла дека ги убила нивните две заеднички деца, а сега ќе се самоубие и себеси“. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и преку отворената врата од балконот влегла во заедничката куќа на брачната двојка.
Според полицискиот извештај, и полицајците се згрозиле кога наишле на мртви тела на 7-месечно и 7-годишно девојче. На помош веднаш пристигнале два хеликоптери и неколку амбулантни возила. За жал, веќе било доцна и лекарите не успеале да ги оживеат двете деца.
Австрискиот весник „Кронен цајтунг“ пренесува дека има информации дека 36-годишна мајка ги удавила своите две деца во базен.