Французинката Тилан Блондо беше прогласена за најубаво дете на светот на шестгодишна возраст, а слатката девојка со впечатливи сини очи стана ѕвезда на модната индустрија. Денес, таа има 20 години и работи како модел, и се уште го привлекува вниманието со својата извонредна убавина.

Тилан ги минува летните денови на плажа во модерното француско летувалиште Сен Тропе. Атрактивната Французинка го поминува својот летен одмор во друштво на својот нов избраник, Бен Ател. Белите бикини на Тилан го нагласија нејзиниот тен.

Ќерката на францускиот фудбалер Патрик Блондо и водителката Вероника Лобури, ја започна својата манекенска кариера на четиригодишна возраст кога се појави на модната ревија на Жан Пол Готје.

На шестгодишна возраст, таа беше прогласена за најубаво девојче на светот, но нејзината манекенска кариера не помина без контроверзии поради снимањето за францускиот Вог, кога 10 годишната Тилан носеше посилна шминка и облека за возрасни, по што предизвика бројни јавни критики.

Тилан двапати беше на врвот на листата „ТЦ Кендлер“ на 100 -те најубави лица.

Денес, Тилан се занимава со моделирање, потпиша договор за „Лореал“, а го поседува и нејзиниот моден бренд „No Smile Clothing“, кој продава бањарки и спортска опрема, додека нејзиното богатство се проценува на над 4 милиони долари.

📸

📸

📸