Момчето Иван Александру (14) било застрелано на метро станица на периферијата на Рим, соопшти денеска полицијата.

Полицијата соопшти дека момчето било убиено во текот на претходната ноќ и дека итната помош можела само да ја констатира смртта, соопшти АНСА.

Полицијата соопшти дека можно е причина за убиството да е пресметка поврзана со шверц на дрога, бидејќи некои пријатели на момчето, исто така Романци, биле претходно осудени за дрога.

Во тек е истрага за убиство.

Полицијата констатирала дека група од пет-шест млади Романци се скарале пред локалот со друга група сонародници, најверојатно Роми, и дека имало тепање и туркање.

Тие потоа тргнале кон метро станицата Пантано каде што било пукано на нив од автомобил кон нив, соопшти полицијата.