Докторот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, 53-годишниот Карлес Мињаро Гарсија, починал откако доживеал срцев удар во хотелската соба во која се собрал тимот пред натпреварот против Осасуна, објавија во неделата каталонските весници Мундо Депортиво и Ла Вангардија.

Сепак, се уште се чека обдукцијата на таткото на две деца.

„Не можеме да одговориме на други прашања бидејќи тие се во сферата на приватноста“, изјави претставник на Барселона на прашањето за причината и околностите на смртта.

Мињаро Гарсија работи во Фудбалскиот клуб Барселона од 2017 година, каде што беше лекар за фудбалскиот тим.