Иако нема официјални информации, мечот од шпанската Ла Лига кој требаше да се игра во „Монжуик“ би можел да биде одложен. Причината е поради смрт на еден од медицинскиот тим на Барселона, непосредно пред денешниот меч против Осасуна.
Трагична вест ја погоди екипата на Барселона, која побарала одложување на натпреварот.
Двата тима пристигнаа на Олимпискиот стадион „Монжуик“, излегоа на загревање, но многу брзо беа повлечени во соблекувалната.
– Почина докторот на Барселона, Карлес Мињаро Гарсија, потврди клубот. Д-р Мињаро беше во клупскиот хотел и јадеше со остатокот од тимот. Подоцна, во текот на попладневните часови, во сон починал, пренесува Мундо Депортиво. Играчите беа во тотален шок и неверување откако ја слушнаа веста, објави Фабрицио Романо.