Ивана Богичевиќ, учесничката во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, го воодушеви жирито во саботата со својот настап и затоа ги доби сите 6 гласа. Сепак, еден момент се издвои од нејзиниот заводлив настап.
Додека ја пееше својата втора песна, Ивана во еден момент се приближи до жирито, седна на масата и се фокусираше само на Мили, но не забележа дека од под длабокиот шлиц и ѕиркаат црни гаќички.
Сепак, оваа нејзина „мала лоша среќа“ е снимена од камерите.
Овој пат, Ивана и се претстави на публиката со песни од Калиопи и од Кристина Нина Јовановиќ. Таа носеше долг црвен фустан со исклучително длабок шлиц.
Да потсетиме, Богичевиќ е веќе позната по сценскиот настап и смелите комбинации на облека, а сите ја паметат како девојка која имала фустан направен од бонбони.