figure>
Според информациите до кои дојде Телма, при кражбата во Еурокомпозит во Прилеп се украдени и боеви ракетни фрлачи, објави вечерва телевизија Телма.
Станува збор за четири боеви рачни ракетни фрлачи „ПОС 120мм“ без муниција, еден школски рачен ракетен фрлач од истиот тип „ПОС 120мм“, една школска „зоља“ и 4 кабли во должина од 40 метри. Украденото оружје претходно се извезувало по нарачка во Србија.
Слични информации спомнаа и работниците на Еурокомпозит кои по кражбата даваа изјави за медиумите пред фабриката која повеќе од две години не функционира. Тие наведоа дека украденото оружје се користи за уништување на оклопни возила.
figure>
-Ние се сомневаме дека раководството на фабриката ги прави овие кражби. Затоа што обични граѓани ниту знаат каде се се магацините ниту како да стигнат до нив. Се работи за зграда во која е влезено на први и на трети спрат, токму таму каде што е оружјето. Во фабриката се уште има оружје и муниција, има репроматеријали, има огромни штети направено, изјави Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.
Пред кражбата никој не ја чувал фабриката која е празна и е во државна сопственост, но откако дел од арсеналот е ограбен во периодот меѓу 3-ти и 5-ти октомври сега таму е поставена полициска заштита.
figure>
Работниците на Еурокомпозит неколкупати штрајкуваа барајќи исплата на заостанати плати и придонеси.