Попладнево изби пожар во ресторан „Хепинес“ во Струмица. Според информациите, настанал пожар додека внатре имало гости, при што сите во паника излегле од локалот.

На социјалните мрежи се јави и Живко Динев кој истакна дека за среќа сите се здрави и живи.

„Драги пријатели не можам на сите да одговорам… Фала на Господ сите сме живи здрави, имаше пожар во пицеријата ХЕПИНЕС но не е толку страшно како што е прикажано на медиумите… Запален е еден мал дел од кујната и со брза реакција на противпожарната служба од Струмица пожарот е изгаснат… Ви благодарам на сите за поддршката…“, вели тој.

Loading...