Еден од најдобрите ракометари во светот Никола Карабатиќ имал позитивен тест после мечот помеѓу Франција и Холандија, но и покрај тоа ЕХФ му дозволила да игра против Исланд.
По пишувањата на медиумите оваа информација ја потврдија и од ЕХФ и ја објаснија својата одлука.
„Точно е дека Никола Карабатиќ доби позитивен тест по мечот со Холандија. Нашите медицински експерти ја прегледаа неговата медицинска историја затоа што и претходно беше заразен со ковид. Доби дозвола за игра затоа што имаше висок процент на антитела и не претставуваше закана за околината“, гласи објаснувањето на ЕХФ.
Крабатиќ беше позитивен на 22-декември и поради тоа пропушти дел од подготовките. Во следните натпревари ќе добива дозвола и со позитивен тест, нема да може да настапи само ако нивото на неговите антитела драстично се намали.