Голема гужва може да се забележи попладнево на патот Стража – Гостивар, како резултатат на тоа што огормен број на возила се враќаат кон Скопје по продолжениот викенд.
Километарски колони од возила се заглавени во близина на каменоломите, па се до семафорот пред Гостивар по завршувањето на продолжениот викенд викенд, кој голем број граѓани го поминаа во Охрид и Струга.
Сега „викендашите“ се враќаат во Скопје, но очигледно тоа ќе трае подолго, бидејќи, како што велат, по 5 минути се стои во место, а потоа колоната бавно се придвижува, и така постојано.
Претходно две возила излетале од патот
Две возила излетале од коловозот по тешка сообраќајна незгода на патот Охрид-Кичево. Според очевидци се работи за патнички автомобили „БМВ“ и „Опел“. Едно од возилото е со гостиварски регистарски таблички.
– Има повредени лица, двете возила се излетани надвор од патот. Неодамна на истото место имаше сообраќајна незгода. Време е да доправи започнатиот автопат. На овој пат постојано има незгоди – вели очевидец кој во моментот е на местото на несреќата.