Сигналот од мобилниот телефон од момчето Матеј Периш (27) кој исчезна во Белград пред 11 дена, токму на новогодишната ноќ, последен пат е фатен во близина на Големиот воен остров, на устието на Сава во Дунав.
Се верува дека телефонот бил во џебот на Матеј кога тој влегол во ледената Сава кај Белград на вода, а последнито сигнал е фатен на околу километар и пол низводно, каде веројатно е неговото тело.
Но, потрагата по телото е отежната зошто водата на тоа место не е длабока, но речните струи се многу силни,
Извор од истрагата за српските медиуми открива дека полицијата ги презела податоците од сите базни станици во овој дел од Белград, откако Матеј Периш, ноќта меѓу 30 и 31 јануари без никаква причина, истрача од ноќниот клуб Готик во Бетон салата и исчезна без трага.
– Врз оснвоа на снимките од надзорните камери во околината на Бетон салата, но и следењето на неговиот телефон, со голема прецизност може да се утврди правецот на движење од моментот кога истрчал од Готик, околу 1.40 часот по полноќ. Тој потоа преку Караѓорѓевата улица трчал покрај реката до ресторанот „Саванова“ кај Белград на вода и тука на една снимка се гледа како слегува до Сава, но не се гледа моментот кога влегол во вода, вели изворот.
Според него базните станици го регистирале сигналот од неговиот телефон на тоа место, а потоа сигналот е лоциран низводно кај Големиот воен остров, каде се изгубил.
-Се претпоставува дека Матеј цело време го имал телефонот во џебот додека Сава го носела и дека некаде кај островот, на устието на Сава во Дунав, во вода останало неговото тело, вели изворот.
Според неговите зборови, речната полиција и нуркалците ја пребарувале Сава од Белград на вода до устието, но без успех.