Русија испрати ултиматум до кабинетот на Зеленски, дека доколку не се договори предавање на Азовстал, фабриката ќе биде срамнета со вакум бомби.
Имајќи ја предвид катастрофалната ситуација во металуршкиот комбинат Азовстал, руските вооружени сили им нудат на украинските војници и на странските платеници да ги прекинат воените дејствија и да го положат оружјето почнувајќи од 6.00 часот по московско време на 17 април 2022 година.
-Сите ќе бидат живи закопани, а Зеленски треба да избере што ќе прави“, се наведува во рускиот извештај.
Рокот за предавање истече – Украина не одговори.
-Сè уште нема информации по стапувањето на сила на четиричасовниот период на предавање во 5 часот по средноевропско време на стратешкото пристаниште во југоисточниот дел на земјата. Руските вооружени сили им понудија на членовите на националистичките баталјони и на странските платеници блокирани во Мариупол да го положат оружјето денеска во 6 часот по локално време, па нивните животи ќе бидат поштедени, изјави шефот на рускиот национален центар за управување со одбраната, Михаил Мижинцев.
– Имајќи ја предвид катастрофалната ситуација во фабриката Азовстал и чисто хуманитарните принципи, руските вооружени сили им нудат на војниците и на странските платеници да ги запрат непријателските акции и да го положат оружјето – изјави Мижинцев.
Украински пратеник: Разговарав со војниците од Мариупол, ќе се борат до крај
Украинскиот пратеник од Одеса, Олексеј Гончаренко за Би-Би-Си изјави дека украинските војници во Мариупол нема да и’ се предадат на Русија.
„Разговарав со нив вчера и знам дека ќе се борат до крај“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека ќе ги прекине преговорите за запирање на инвазијата во случај Русија да ги „елиминира“ украинските борци во Мариупол.
Русија вчера објави дека последните украински војници се во комплексот на фабриката и ги повика да се предадат доколку сакаат да излезат живи.
Гончаренко вели дека во Мариупол се случил „вистински геноцид“. Во градот имало околу 100.000 цивили, а се смета дека повеќе од 20.000 биле убиени, рече тој.