Сирените за тревога се огласија во голем број украински градови – од Лавов на крајниот запад на земјата до Днепар, Черкаси и Запорожје на југоисток. Во последните три града се слушнале експлозии.
– Еден проектил го погоди центарот на Днепар и железничката зграда, рече градоначалникот.
Украинските железници соопштија дека никој не е повреден во нападот.
Бегалците од фабриката за челик Азовстал во Мариупол неодамна пристигнаа во Запорожје, кој исто така е нападнат.
Руската војска за утре најави отворање хуманитарен коридор од Азовстал
– Руската војска најави дека утре ќе отвори хуманитарен коридор од опколената фабрика за челик Азовстал. Коридорот ќе биде отворен три дена, соопшти руската армија, која наведува дека рутите ќе бидат отворени од 8 до 18 часот по московско време.
„Во тој период руските сили ќе ги прекинат воените активности и ќе ги повлечат своите сили на безбедно растојание“, соопшти руската војска.
Украинските власти се уште не ја коментирале руската најава.