Малку по 11 часот претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери ги започна процедурите за отпочнување на седницата на која денеска треба да се гласа за доверба на Владата.

На почетокот, при утврдување на бројот на пратеници се виде дека местата на пратениците од актуелното владејачко мнозинство не се влезени во салата.

Спикерот Џафери ги повика двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се позитивни на коронавирусот да ги заземат своите „изолациски“ места.

„Се надеввам дека нема да добиеме кривична пријава за биолошки тероризам“, рече Џафери.