Исчезна пратеник од партијата БЕСА со што нема мнозинство во Собранието за да се одржи седница за гласање на доверба на Владата.

Според информациите до кои дојдовме фали еден пратеник на БЕСА. Утрово неговите телефони и телефоните на луѓето од неговото семејство се исклучени а во двата негови стана каде што вообичаено живее нема никој, објави 4.

Во моментов побарана е пауза од 10 минути. Станува збор за Кастриот Реџепи!