Приведен е лекар од тетовската болница кој со својот мобилен телефон снимал пациентки и видеото го објавил на Тик Ток, потврди МВР за „360 степени“.
Случајот во полиција го пријавил директорот на болницата, а како што пренесе ТВ 21, станува збор за анестезиолог кој бил ангажиран на гинеколошкото одделение за прекин на бременост.
– Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите, изјавил директорот на болницата Пелумб Вела за ТВ 21.
На видеото се гледа како лекарот се движи низ болницата и се смее додека ги снима колегите и пациентите згрижени во болницата.