Врз јапонскиот премиер Фуми Кишида додека држеше говор фрлена е бомба, јавуваат повеќе светки медиуми.

Кишида не е повреден, ниту некој од посетителите на средбата. За време на нападот телохранителите го заштитија јапонскиот премиер со своите тела.

На видеата што ги објавуваат медиумите, се гледа дека маж фрла сребрен цилиндар во правец на премиерот на Јапонија, по што се слуша експлозија и се појави густ чад. Тој веднаш е уапсен.

Јапонскиот премиер Кишида зборуваше во Вакајама, во пресрет на изборите во Јапонија.

Веднаш е наредена истрага за да се утврдат мотивите на човекот што ја фрли димната бомба врз него, односно дали тој стои зад се – или дали станува збор за организиран напад.

Јапонските власти соопштија дека се е во ред со Кишида, дека тој ја напуштил Вакајама неповреден и веднаш бил пренесен на безбедна локација каде исто така ќе биде сослушан во полиција.

Пред само една година, на сличен настан беше убиен поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, додека држеше говор во предизборната кампања.