Страшна сообраќајна несреќа се случи предмалку во скопски Аеродорм на раскрсницата по Т.Ц. Бисер кон Ново Лисиче.

Според снимките на 24Инфо во сообраќајката учествуваат два автомобили, има голема материјална штета, а едниот автомобил е речиси целосно уништен и превртен на кров.

Според она што може да се види на терен веројатно има и повредени лица, но засега нема официјални информации.