Претседателот Доналд Трамп не ја поштеди ни Македонија од неговата агресивна царинска политика објавувајќи денес листа на која царината што е наменета за Македонија е – 33 отсто.
Според листата што ја објави агенцијата Ројтерс, Македонија не е меѓу најпоштедените земји што поминаа само со царина од 10 отсто, иако не е ни меѓу најпогодените чии царини стигнаа до 50 отсто.
За изненадување Трамп воведе 17 отсто царини и за Израел,32 отсто за Тајван и 10 отсто за Украина, а 35 отсто за БиХ и 37 отсто за Србија меѓу земјите од регионот, при што нема податок дека има нови царини за Албанија, за Црна Гора и за Косово.
Loading...
Loading...